субота, 4. мај 2013.

„БЕГАЛКА“  НА  ПОЖАРАНСКИ  НАЧИН


За  драмското сценско дело „Бегалка“ на македонскиот драматург Васил Иљоски, верувам дека сите ние имаме читано, слушано и гледано. Но  малкумина од нас сме имале можност изведбата на оваа драмска претстава да ја видиме во живо, и тоа ни повеќе ни помалку, туку овде во село Пожаране. 


Понесен од спомените на овој дел од мојот живот, токму ова беше повод и причина да напишам нешто друго за селото, да раскажам друга приказна како би можел да ги доловам сите други пропуштени настани од минатото ако ништо повеќе барем само колку да се знае и никогаш не избрише од нашите спомени

Па,  да тргнеме од самиот почеток.

Во седумдесетите години на минатиот век, во село Пожаране вриеше како во кошница. Луѓе, млади и стари, дечиња скоро на секој чекор.Голема заслуга за сето тоа , покрај другото имаше несебичната и пожртвувана активност на тогашната Месна Заедница од селото, Црковниот одбор и пред се Пожаранскиот младински актив. Преку ден на работа, а навечер, тука среде село во Пожаранскиот дом дружење и забава до доцните часови. Скоро секојдневно ќе се случеше нешто ново и интересно, посебно кога наближуваа големи државни празници како што беше Денот на Републиката, Денот на востанието, Илинден и слично.


Подготовките за доследно обележување на овие празници траеа со денови, се беше мобилно. Ние учениците во Основното училиште од селото подготвувавме рецитали, додека повозрасните младинци предводени од тогашниот младински актив во селото, игранки, забава, натпревари во знаење, пеење, спорт,  богата лотарија. Сето тоа се случуваше во помалиот објект кој се наоѓа веднаш до Пожаранскиот дом во селото.
  
          
Пожаранскиот младински дом денес-(сл.десно)
За разлика од денес, каде што овој објект е целосно запоставен и руиниран, тогаш, во тоа време беше како нов, идеален за намената која ја имаше.
Надворешно, фасадиран со бела фасада, три влезни врати и прозори, внатре високо подигната полусводна дрвена бина со огромни кадифени завеси, а долу на подиумот дрвени столови во редови, место за седење на публиката.

И токму во тоа време, меѓу повозрасните младинци од селото, секако поучени од минатото, се роди идејата, за престојниот државен празник , во овој младиснки дом да се изведе драмска престава. Изборот падна на драмската творба „Бегалка“ од Васил Иљоски, позната уште и како „Ленче Кумановче“.
За многу кратко време улогите беа поделини помеѓу пожаранските младинци - изведувачи, беше направена сценографијата и костимографија, и после неколку проби се беше спремно за старт.

ДИПЛОМА ЗА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА
Аматери –почетници од селото, во преполнетата сала со публика и на високо професионален и достоинствен  начин ќе ја изведат драмата „Бегалка“, кое нешто предизвика огромно воодушевување меѓу присутните. За овој голем успех, се слушна  дури и до Куманово, каде што на покана од тамошниот драмски театар, истите актери драмата  ја одиграа и пред кумановската публика, после што следуваа награди , признанија, пофалби. Но ваква претстава оваа актерска група ќе изведе и пред публиката од поближното опкружување како што се селата: Зубовце, Вруток, Вратница .

По тоа а и пред тоа,  тука пред пожаранската публика беа одиграни чинови и од други дрмски престави како што се „Чорбаџи Теодос“, „Сомнитело лице“. Сето тоа се изведуваше под будното око на режисерот Митко Томоски. кој професионално се бавеше со оваа дејност и ја оснива драмската секција во селото потпомогнат од
Т.Тодор , А.Моме и С.Мишко, а како актери покрај другите би ги спомнал имињата на: Драгица, Симка, Перса, Ленка, Добрица, Живко, Станко, Тоде, Еро, Драган, Веле, Мишко, Душка, Славица, Бранкица.

Ова нешто со голем ентузијазам и верба во себе го постигнаа пожаранските младинци кои на дело покажаа и докажаа дека „ако се сака се се може“. Така беше некогаш во ова село - а денес ?


__________________________
Боге В - автор на текстот 

Блогови со слична содржина:


http://pozaranskiterodovi.blogspot.com/
http://pozaranskicinar.blogspot.com/
http://pozarane.blogspot.com/
http://buckovci.blogspot.com/
http://pozaranskitevodopadi.blogspot.com/
http://pozaranevodenica.blogspot.com/
http://pozaranesokolec.blogspot.com/
http://pozaraneuciliste.blogspot.com/
http://pozaranskiprosvetiteli.blogspot.com/
http://dragevojnoski.blogspot.com/
http://pozaraneselo.blogspot.com/
http://pozaranedrama.blogspot.com/
http://pozaraneprikazna.blogspot.com/